Менаџерот на Тотенхем, Маурицио Покетино, вели дека неговиот тим е доказ дека не мора да се троши огромна сума на пари за екипата да се бори на највисоко ниво.
„Тотенхем е инспирација за помалите клубови во Премиер-лигата, бидејќи покажавме дека можеме да се бориме и со помалку финансиски средства од големите тимови. Докажавме дека може да се функционира и на друг начин. Дојдовме до финалето на Лигата на шампионите победувајќи големи клубови“, изјави Покетино.
Аргентинецот е на клупата на тимот од Лондон од 2014 година, а и покрај настапот во финалето од Лигата на шампионите минатата сезона, Тотенхем се уште под негово место нема освоено трофеј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА