Покетино: Срам? Не, тоа не е вистинскиот збор за мојата екипа

Фудбалерите на Челси доживеаја вистински дебакл на гостувањето на „Емирати“ кај Арсенал, откако беа поразени со 5-0.

„Сините“ го претрпеа најболниот пораз откако на клупата е Маурисио Покетино. И покрај тоа што на овој тим беа потрошени повеќе од 1 милијарда евра, сепак, оваа екипа и натаму се „брука“.

„Срам? Не, со ток збор не е фер да се опишуваат нашите играчи. Не сакам да ја обвинувам својата екипа. Не можеме да ги обвиниме младите играчи кои се тука под тешки околности и да се борат со екипа која е во игра за титулата во Премиерлигата“, рече Покетино.

Аргентинецот ја „боцна“ управата дека мора да направи одредени промени.

„Ако сакаме да бидеме на подобра позиција идната сезона, мораме да донесеме важни одлуки. Тешко е да се предвиди иднината, разочарани сме после ваков пораз. Ако се натпреваруваме како во саботата против Сити, тогаш имаме за што да се надеваме. Ако играме како против Арсенал, тогаш не ја заслужуваме Европа“, кажа Покетино.

Се вчитува...