Селекторот на американската репрезентација, Маурисио Покетино, одговори на исклучувањето на напаѓачот на репрезентацијата, Фоларин Балогун, во натпреварот од осминафиналето на Светското првенство во 2026 година против Босна и Херцеговина (2:0).
Напаѓачот доби директен црвен картон по ВАР-техниката затоа што стапна на глуждот на Тарик Мухаремовиќ.
„Според мене, ова не е црвен картон. Немаше намера да се згази ногата на противникот. Ако имаше намера да се повреди противникот, тоа е во ред, го разбирам тоа. Но, во овој случај тоа беше нормален дуел во кој играчите се бореа за топката, а нивните нозе слетаа на теренот, нели?“, рече Маурисио Покетино.
Специјалистот беше прашан и за сличен инцидент на натпреварот помеѓу Аргентина и Алжир (3:0), кога Лионел Меси избегна казна.
„За мене, двата случаи не се основа за црвен картон“, одговори селекторот.
Folarin Balogun – Red Card.
Fifa President Lionel Messi – No Red Card.This are the Real Issues. pic.twitter.com/xQofIzGHdv
— Buchi Laba (@Buchi_Laba) July 2, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
