Покетино: ВАР треба да ни помага и на нас и на судиите

Во моментов најсериозната дискусија во англискиот фудбал е за ВАР. Ќе се гласа дали тој систем ќе остане или ќе се укине.

Со свое мислење околу целата ситуација со ВАР се изјасни и тренерот на Челси, Маурисио Покетино.

„За мене не се работи за добрите или лошите страни, туку за подобрување на неговата употреба. Може да биде одлично ако се користи на правилен начин. Тоа може да биде фантастична алатка за да им помогне и на судиите и на нас. Следната сезона треба да видиме како да го подобриме“, изјави Покетино.

Се вчитува...