Покетино во солзи: Благодарам на фудбалот, благодарам на овие момци – херои!

Тотенхем успеа да режира чудо на реванш пресметката од полуфиналето во Лигата на шампионите против Ајакс. Иако имаше негатива од првиот меч, а и негатива од 2-0 по првото полувреме во Амстердам сепак со феноменално второ полувреме стигна до триумф од 2-3 кој донесе за составот на Маурицио Покетино финале во ЛШ.

Па, Покетинот по натпреварот очекувано не можеше да ги сопре емоциите и солзите….

„Тешко ми е да зборувам. Емоциите се неверојатни. Благодарам на фудбалот. Благодарам на моите момци кои се херои. Беа неверојатни во второто полувреме. Им благодарам на сите кои веруваа во нас. Тешко ми е да опишам со зборови што чувствувам во моментов. Покажавме дека го сакаме спортот и фудбалот. Кога работите нешто со љубов вие не чувствувате стрес, туку страст и тоа ве води напред и постојано до успеси“ – истакна Покетино по синоќешниот натпревар притоа дополнувајќи:

„Премногу сум благодарен што сум тренер, што се занимавам со овој спорт, што сум во фудбалот и што ги доживувам овие моменти. Сите мои фудбалери се херои, но Лукаш Моура е суперхерој. Сакам да се потсетам и на моето семејство, за кои ова е исто така награда“.

Се вчитува...