Кошаркарот на Партизан, Алексеј Покушевски зборуваше за причините за неговото отсуство од натпреварот против Олимпијакос.
Иако е здрав, повремениот српски репрезентативец не беше во протоколот за натпреварот против тимот од Пиреја, а играчот потврди дека тоа била одлука на тренерот Жељко Обрадовиќ.
„Тоа беше одлука на тренерот, здрав сум и можам да помогнам“, кратко рече Покушевски.
„Црно-белите“ ќе го играат својот следен натпревар вечерва (20.30 часот) во Белград против Монако, каде што ќе бараат излез од серијата од четири последователни порази.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

