Пол Погба – играч на сезоната во Лигата на Европа

Пол Погба е добитник на наградата за најдобар фудбалер во Лигата на Европа, што премиерно се доделува за минатата натпреварувачка сезона. Францускиот ас беше во комбинација за наградата заедно со уште двајца соиграчи од Манчестер јунајтед, Златан Ибрахимовиќ и Хенрик Мхитаријан.

Повредата што Ибракадабра ја заработи пред крајот на сезоната ги намали шансите на Швеѓанецот на оваа награда, која заврши во рацете на Погба, фудбалерот кој со гол го отвори финалето против Ајакс и го најави новиот европски трофеј во витрините на „црвените ѓаволи“.

Се вчитува...