Пол Погба ја посвети победата на спасените дечиња во Тајланд (ФОТО)

Францускиот репрезентативец Пол Погба пласманот во финалето на Светското првенство во Русија го посвети на спасените дечиња кои речиси три недели без заробени во пештера во Тајланд.

„Оваа победа оди за хероите на денот. Браво момчиња, вие сте толку силни“ – напиша Погба на својот Инстаграм профил по вчерашната победа од 1-0 против Белгија во полуфиналето на Мундијалот 2018.

Вкупно 12 момчиња, на возраст од 11 до 16 години, заедно со својот фудбалски тренер беа заглавени во пештера во планински масив во Тајланд откако при една своја екскурзија поради обилни дождови спасувајќи се од надојдената вода останаа зарабони во пештерата.

Три дена траеше спасувачката мисија на обединетите меѓународни сили со помош на специјални нуркачки единици, и  вчера конечно сите 12 момчиња и тренерот беа извлечени од пештерата.

Се вчитува...