Пол Погба конечно доби понуда која му се допаѓа

Пол Погба доби шанса да се врати во фудбалот, полни две години откако го одигра последниот професионален натпревар, а потоа паузираше поради допинг суспензија. Французинот на маса има понуда од Монако кои го посакуваат во своите редови.

Фабрицио Романо објави дека е испратена понуда од Кнежевството за двегодишна соработка со фудбалерот кој го одигра последниот натпревар за Јувентус на 14. мај 2023 година.

Доколку прифати и потпише за „кнезовите“, Погба наскоро ќе замине на подготовки, а потоа и на првите натпревари во сезоната 2025/26, која во Лига 1 започнува на 15. август.

Тоа значи дека ќе поминат околу 27 месеци помеѓу два меча на фудбалерот кој учествуваше во освојувањето на светската шампионска титула со француската репрезентација во Русија во 2018 година.

Се вчитува...