Пол позиција за Ферстапен во Австрија

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен ја освои пол-позицијата за спринт трката на Формула 1 за ГН на Австрија. Ферстапен спринт квалификациите ги заврши со време од 1:04.44о, односно беше подобар од неговиот клупски колега Серхио Перез.

После нив следуваат Норис, Хулкенберг, Сајнц, Алонсо, Строл, Окон и Магнусен.

Спринт трката е на програмата денеска од 16:30 часот, додека трката за ГН на Австрија е утре од 15 часот.

Се вчитува...