Политика и спорт: Црвена Звезда не смее да влезе во Косово

Политиката е навлезена во секој дел од спортот во регионов, па така Црвена Звезда доби забрана за влез во Косово, каде требаше да го игра својот меч од Купот на Србија против Трепча.

„Црвено-беливе“ утрово се упатија кон Косовска Митровица, но српските медиуми објавија дека експедицијата на шампионот не добила дозвола од косовската полиција да ја мине границата.

За целата ситуација се информирани и челниците на Фудбалскиот Сојуз на Србија, кои понудиле опција мечот наместо денеска во Косовска Митровица да се игра утре во Стара Пазова.

Се вчитува...