Полицијата отвори истрага против Кристијано Роналдо

Ѕвездата на Манчестер јунајтед Кристијано Роналдо се најде во голем скандал по вчерашниот пораз на на неговиот клуб на гостувањето кај Евертон од 1-0 во 31. коло во англиската Премиер-лига.

Фрустрацијата од поразот и големиот број удари кои ги доби од противниците, резултираа Португалецот на патот кон соблекувалната, да удри едно аутистично дете кое го снимаше неговото поминување.

Полицијата отвори истрага за овој случај на „Гудисон парк“, а има најави дека мајката на детето ќе поднесе тужба против португалскиот фудбалер.

 

Се вчитува...