Полјаците со „евро-гол“ водат на полувреме против Академија Пандев (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски прволигаш Академија Пандев има негатива од 0-1 на полувреме против Лехија Гданск во реванш натпреварот од 1. квалификациско коло во „најмладото“ фудбалско натпреварување на УЕФА, Конференциската лига.

По поразот минатата седмица во Гдањск од 4-1, „пандевци“ имаа императив за напад уште од самиот старт.

Сепак, првата шанса на натпреварот ја имаа гостите и тоа уште во четвртата минута откако од некои шеснаесеттина метри биеше непрецизно Мачеј Гајош.

„Пандевци“ првпат го загрозија голот на гостите откако во деветтата минута од дваесетина метри биеше непрецизно Томовски. Домаќините продолжија со одличната игра и во 13. минута имаа двојна шанса, но голманот на гостите Кучијак одлично интервенираше на ударите на Донов и Велиновски.

Само четири минути подоцна Митревски и Маронг повторно имаа двојна шанса, но повторно одлично расчисти голманот Кучијак.

По неколкуте убави шанси следуваше казна од гостите кои преку Гајош во 37. минута поведоа со 0-1, резултат со кој се замина на пауза.

Се вчитува...