Полска ја „збриша“ Италија и стана нов европски првак во одбојка

Репрезентацијата на Полска е нов европски шампион во одбојка, откако во финалето вечерва ја совлада селекцијата на Италија со 3-0 и така вторпат во историјата се искачи на европскиот трон.

Полјаците до златото дојдоа со сите победи низ Европскиот шампионат, кој се играше и во Скопје. Полска ја доби Италија во сетови 25-20, 25-21 и 25-23.

Полска на ЕП во салата „Борис Трајковски“ ги совлада селекциите на Чешка, Холандија, Македонија, Данска, Црна Гора, а потоа во нокаут фазата селекциите на Белгија, Србија и Словенија. Сет успеаја да и земат само Словенците, Србите, Белгијците и Холанѓаните, додека против другите беа убедливи со 3-0.

Се вчитува...