Фудбалерите на Босна и Херцеговина имаат предност од 2-1 на полувреме против Катар во натпревар од последното 3. коло од групата Б на Светското првенство кое што се игра во САД, Канада и Мексико.
Откако скоро половина час мируваа мрежите во Сиетл, водство за БиХ од 1-0 донесе младиот Керим Алајбеговиќ со прекрасен гол во 29. минута.
Bosnia and Herzegovina [1] – 0 Qatar – K. Alajbegović 29'
byu/West_Agent4651 insoccer
Само пет минути подоцна веќе беше и 2-0 откако по ударот на Един Џеко, автогол си постигна Ал Браке. До крајот на првиот дел иако Џеко ја погоди и стативата, мала деконцентрација доведе до тоа Катар во 42. минута да намали на 2-1 преку Ал Хајдос.
Bosnia and Herzegovina 2-0 Qatar – Sultan Al-Brake own goal 34'
byu/977x insoccer
Во вториот натпревар од Б сегментот на шампионатот домаќинот Канада и Швајцарија играат без голови 0-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
