Поранешен фудбалер на Каљари е тешко повреден во страотна сообраќајна несреќа (ФОТО)

Поранешниот фудбалер на Каљари, Андреа Косу, доживеа тешка сообраќајна несреќа. Фотографиите од местото на несреќата се ужасни, но за среќа тој е надвор од животна опасност. Според очевидци, Косу изгубил контрола над своето возило, влетал во заштитна ограда, а потоа се превртел неколку пати.

Косу излетал од возилото и се здобил со сериозни повреди на главата. Лекарите откриле и бројни скршеници, па тој бил пренесен во болница во сериозна здравствена состојба, каде било потврдено дека не е во животна опасност.

Неговиот автомобил го зеде полицијата која сè уште ги испитува околностите на несреќата, а Косу би можел да биде пуштен од болница деновиве, доколку лекарите потврдат дека нема никакви компликации.

 

Се вчитува...