Поранешен фудбалер на Манчестер Сити изврши самоубиство

Младиот англиски фудбалер Џереми Вистен извршил самоубиство, пренесуваат британските медиуми. 17- годишникот до неодамна беше член на Манчестер Сити период во кој се бореше со депресијата. Кога доби отказ од Сити работите станале полоши, а ситуацијата ескалирала на најлош можен начин.

„Многу сме тажни поради смртта на нашиот поранешен фудбалер. Сочувство до неговото семејство и пријателите. Нашите мисли се со нив во овие тешки моменти“, стои во соопштението на Манчестер Сити. 

 

Се вчитува...