Екипата на Рома, одлично ја отвори сезоната, се наоѓа на делба на лидерската позиција на табелата во Серија А, заедно со Интер, а тренерто Џанпјеро Гасперини, набрзо би можел да добие уште еден квалитетен играч во битката за трофеите.
Според италијанските медиуми, Рома е поодмината фаза од преговорите со Рафаел Гереирo, кој летово си замина од Баерн Минхен и сè уште е без клуб.
Гасперини инсистира на потпис со Гереирo, бидејќи во екипата моментно нема квалитетна опција за позицијата лев бек и на оваа позиција моментно играат играчи кои природно играат на десната страна.
Португалецот кој има 32 години, освен во Баерн, играше и за Борусија Дортмунд и Лориен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
