Поранешен светски шампион во скок со стап почина по долга борба со леукемија

Поранешниот светски шампион во скок со стап Тим Лобингер почина на само 50 години. На германскиот шампион во атлетика во 2017 година му беше дијагностицирана агресивна форма на леукемија.

На почетокот на третманот, работите изгледаа дури и добро, но болеста се врати во 2020 година. Германски „Билд“ беше тој во кој во ексклузивно интервју минатиот октомври потврди дека ја губи битката.

„Тим Лобингер почина на 16 .февруари во Минхен на 50-годишна возраст по тешко боледување. Поранешната легенда во скок со стап заспа мирно опкружен со семејството, не ја загуби битката, туку ја доби на свој начин“, се вели во публикацијата на германски Билд, потпишана од семејството на Тим Лобингер.

Се вчитува...