Пораз на Србљак, Луксембург израмни во мечот против Македонија

Луксембург израмни на 1-1 во групата 3 од Дејвис Купот против Македонија, откако во вториот натпревар нашиот Горазд Србљак загуби од Алекс Кнаф со 2-0, по сетови 7-6 и 7-5.

Во првиот сет тенисерот од Луксембург беше подобар во тај-брејк, додека во вториот довелен беше брејкот во 12 гејм. Претходно водство за Македонија донесе Калив Ивановски кој славеше со 2-1 по сетови, 7-6, 6-7 и 6-4 против Крис Родеш.

Натпреварот во двојки ќе го одлучи победникот во 1. коло од групата 3 од Дејвис купот.

Се вчитува...