Порази на Кливленд и Голден стејт, Клиперси не се откажуваат од плеј-офот

Кошаркарите на ЛА Клиперс славеа против Милвоки со 105-98 во еден од синоќешните дуели во НБА лигата со што останаа во трката за плеј-офот.

Клиперси запишаа втора победа по ред, па сега се на 9. место на Западот со ефект од 39 победи и 34 порази. Тобијас Херис беше најефикасен во победничкиот тим со 19 поени, Диандре Џордан оствари „дабл-дабл“ од 12 поени и 16 скока, а Милош Теодосиќ постигна 13 поени, дополнети и со 4 асистенции, за само 16 минути игра со оглед на тоа што поради повреда не влегуваше во второто полувреме.

Во поразениот тим Јанис Антетокуомпо постигна 26 поени, а Мидлтон заврши со 22 поени.

Портланд славеше на гости против Њу Орлеанс со 103-107 со фантастична партија на двоецот Јусуф Нуркиќ – Дамијан Лилард.

Нуркиќ имаше „дабл-дабл“ од 21 поен и 10 скока, а извонреден беше Дамијан Лилард со 41 постигнат поен.

Кошаркарите на Денвер загубија на гостувањето од Торонто со 114-110. Со овој пораз се повеќе се оддалечија од плеј-офот бидејќи се наоѓаат на десеттото место со скор од 40/35.

Никола Јокиќ повторно одигра фантастична партија, но немаше поддршка од соиграчите и Нагетси го доживеаја 35-от пораз. Српскиот кошаркар мечот го заврши со 29 поени, 16 скока и 8 асистенции.

Најефикасен во победничкиот тим беше Фред Ванвилт со 15 поени, исто колку и Валанчунас и Дерозан.

Кливленд загуби на гостувањето против Мајами со 98-79, а Голден стејт, пак, загуби на домашен терен од Индијана со 81-92. Сакраменто загуби пред својата публика од Далас со 103-97.

Се вчитува...