Портнер „пецка“ пред дуелот: Македонците ќе се засрамат ако загубат од нас, ние не сме ракометна нација

ЕКИПА во Берлин,

Стеван Цаневски

Многу работи во играта на Швајцарија зависат од Никола Портнер, одличниот голман на Магдебург кој е еден од главните членови на својата национална селекција и меѓу најзаслужните за фантастичното реми против Франција.

Швајцарските ракометари го оставија зад себе тој одличен резултат и максимално се фокусирани на денешниот дуел со Македонија, а Портнер не ја пропушти можноста да ја „пецне“ нашата селекција, од која Швајцарија има шест порази во низа во меѓусебните пресметки.

„Ремито со Франција нема да ни значи многу ако загубиме од Македонија, бидејќи сакаме да имаме полесен противник во баражот за СП. Се освен победа ќе биде големо разочарување за нас. Сигурно и во Македонија го мислат истото, Македонците ќе се засрамат ако загубат бидејќи ние не сме ракометна нација. Најважна ќе биде нашата игра, ако настапиме како против Франција, тие немаат никаква шанса. Од друга страна, ако не сме доволно сконцентрирани, лесно може да загубиме и со десет гола разлика“, истакна Портнер.

Се вчитува...