Португалија ја „преживеа“ Хрватска: Со гол во судиското надополнување до пресврт и 1/8 финале (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо и натаму ќе има шанси да дојде до трофејот на Светското првенство. Португалија ја совлада Хрватска со 2-1 во интересен и возбудлив натпревар со три поништени голови, со многу шанси. Така Роналдо и другарите го продолжија патот на Мундијалот, додека полуфиналистот од изминатото Светско заминува дома.

Португалците дојдоа до победата во судиското надополнување, благодарение на „џокерот“ Гонзало Рамош кој најдобро се снајде, и донесе пресврт. Сите три гола се случија во вториот дел, а возбудливо беше и во првото полувреме.

Португалија имаше повеќе шанси во првиот дел, и само чудо ги спаси Хрватите од негатива. А, потоа во второто полувреме „коцкастите“ заиграа многу подобро, и како резултат на тоа дојдоа до предност.

Во 53. минута по одлична акција од десната страна и центаршут на Станишиќ, топката стигна до Перишиќ кој го совлада Кошта.

Роналдо веднаш постигна гол кој беше поништен, а потоа португалската ѕвезда израмни со гол од пенал по фаулот на Влашиќ врз Веига во шеснаесетникот по изведен корнер.

Хрватска потоа постигна и втор гол кој беше поништен поради офсајд. Хрватите имаа можност преку Сучиќ, но одлично одбрани Кошта.

Пресвртот го донесе нововлезениот Гонзало Рамош кој ги натскока двајцата дефанзивци на Хрватска, и погоди со глава во мрежата на Ливаковиќ во 94. минута.

Хрватска постигна гол преку Гвардиол, но судијата по прегледување на ВАР снимката го поништи поради офсајд на Пашалиќ, и така згаснаа сите надежи за „коцкестите“ дека може да дојдат до реми.

Се вчитува...