Португалија ја совлада Швајцарија и остана во игра за четвртфинале

Репрезентацијата на Португалија триумфираше над Швајцарија со 33-29 во натпревар од второто коло во главната фаза од групата 3 на светското првенство во Египет. Швајцарците иако дојдоа како замена, исто како и нашата репрезентација одиграа далеку подобар шампионат во кој буквално со сите противници играа егал.

Португалците дури во вториот дел успеаја да го урнат отпорот на Швајцарците и да стигнат до нов триумф на шампионатот. Итуриза со седум гола беше прво име во победничкиот табор, додека кај поразените повторно најдобар беше Енди Шмид со 11 гола.

 

Се вчитува...