Португалија во последен миг го смени стадионот за натпреварот со Србија

Натпреварот Португалија – Србија во ноември, ќе биде одлучувачки за тоа кој ќе обезбеди директен пласман на Мундијалот во Катар. Во моментов Србија има еден бод повеќе од Португалија.

Натпреварот најпрво беше закажан на стадионот „Жоао Алваладе“ на кој игра Спортинг Лисабон, но вчера федерацијата на Португалија одлучила мечот да се игра на „Луж“, домашниот стадион на Бенфика.

Причината за ваквиот потег, според Португалците е тоа што стадионот на Споргинт во тој период ќе биде зафатен со натпревар од Лигата на шампионите, иако Бешикташ на Спортинг ќе гостува девет дена порано од терминот за натпреварот и ќе биде последен натпревар на тој стадион.

Ла Луж има 15 илјади места повеќе од стадионот на Спортинг, па така Португалија веројатно сака да направи пожестока атмосфера за дуелот со Србија кој е одлучувачки за пласман во Катар.

Се вчитува...