Рајо Ваљекано вчера го потпиша Хамес Родригез, екс членот на Реал Мадрид, Баерн Минхен и колумбиски репрезентативец, а веќе денеска работи на доведување на уште едно звучно име.
Пред потпис со Рајо е холандскиот репрезентативец Мемфис Депај. И тој е слободен агент откако беше ослободен од Атлетико Мадрид. Сега веројатно ќе му се приклучи на Хамес.
Депај во минатото беше дел од ПСВ, Манчестер Јунајтед, Лион и Барселона. Не се наигра многу во Атлетико, по што стана слободен агент и сега ќе бара нова средина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА