После Македонија – потоп: Еран Зехави се откажа од дресот на Израел

Досегашниот капитен на фудбалската репрезентација на Израел, Еран Зехави, еден од најдобрите фудбалери во историјата на оваа земја, одлучи да се откаже од државниот дрес по синоќешниот пораз од Македонија (0-1) во Хаифа. Тој направи голем инцидент, фрлајќи ја капитенската лента нервозен поради слабата игра на неговата репрезентација, а поради тоа и експресно беше суспендиран од Фудбалската федерација на Израел. По ова, тој денеска донесе одлука веќе да не игра во дресот на Израел.

„Донесов одлука веќе да не играм за репрезентацијата на Израел. Можеби сега многу луѓе ќе бидат посреќни. Досега 40 години не сме се пласирале на големо натпреварување, а како тргнала работата нема да се пласираме уште 40“, изјави контроверзниот Еран Зехави, објавувајќи ја одлуката за своето повлекување од националниот тим.

Се вчитува...