Една од најпрепознатливите домашни спортски манифестации „Охрид трчаТ“ оваа година ќе се одржи од 2. до 4. јуни со сите свои пропратни активности кои ќе го одбележат тридневните атлетски активности на брегот на Охридското езеро.
Како што е познато, главните маратонски трки на 5. километри и полумаратонот на 21. километар ќе бида на 4. јуни, а претходно согласно традицијата, „Охрид трчаТ 2023“ ќе го одбележат и Ноќната трка на 2. јуни, како и детската трка низ улиците на најголемиот македонски туристички центар.
Денеска, заклучно со 28. февруари, завршува и последниот ден од втората фаза на пријава за полумаратонската трка (21 километар) по актуелната котизација, а веќе од 1. март пријавувањето ќе биде со нова котизација за пријава со рок до 14. мај. Пријавувањето, пак, за маратонската трка од 5 километри продолжува со истата котизација до 14. мај.
„Охрид трчаТ“, како што е познато, првпат се одржа во 2017 година, предизвикувајќи бум во македонски рамки. Второто и третото издание беа голем чекор напред кон приближување на градовите домаќини на настани од ваков вид. Четвртото издание беше вистински предизвик, бидејќи се одржа под строги мерки и протоколи во време на пандемија на коронавирусот. Учесниците и организаторите покажаа голема професионалност, почитувајќи ги сите препораки за неверојатен настан кој внесе свежа крв во населението. Оваа година следи седмото издание со серија новитети за ново привлекување на вљубениците во трчањето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА