Колумбија е последниот осминафиналист на СП 2026 откако оваа јужноамериканска селекција славеше во пресметката со Гана со резултат 1-0.
Како пресуден се покажа погодокот во 14. минута кога Аријас се најде осамен по центаршут од десната страна, па од пет метри го матираше голманот на Гана.
Колумбија продолжи да доминира и по постигнатиот гол, со ВАР беше поништен погодокот на Луис Дијаз во вториот дел, па оваа селекција сосема заслужено се пласираше меѓу 16-те најдобри на мундијалот.
Следен противник на Колумбија на овој шампионат ќе биде селекцијата нa Швајцарија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
