Постекоглу: 99 отсто од фановите на Тотенхем сакаат да загубиме од Манчестер Сити

Очите на љубителите на англискиот фудбал се свртени кон дербито помеѓу Тотенхем и Манчестер Сити кое ќе биде одиграно утре во Лондон со почеток од 21 часот, а на него „петлите“ со победа ќе имаат шанса да ги минимализираат шансите на „граѓаните“ за одбрана на трофејот.

Во моментот лидер на табелата е Арсенал со бод повеќе во однос на Манчестер Сити, но и натапревар повеќе па дербито во Лондон може и да биде пресудно за титулата.

Сепак со оглед на тоа што Арсенал е конкурент за титула, голем број од фановите на Тотенхем нема да бидат разочарани доколку нивниот тим загуби. За тоа говореше и тренерот Анже Постекоглу на пресконференцијата за медиуми каде ги повика своите навивачи да го бодрат тимот кон три бода.

„Ако гледаме на социјалните мрежи 99 отсто од нашите фанови сакаат да загубиме, но ве молам не ми велете дека тоа е нашиот свет. Ако е тоа така тогаш ви треба советување. Разбирам ривластво, но никогаш нема да разберам ако некој не сака нивниот тим да победи.

Луѓето се слободни да чувствуваат како сакаат, но јас верувам дека е многу побитно ние како клуб да ја оствариме нашата цел. Мислите дека најголем дел од навивачите на нашиот тим не сакаат да победиме? Јас не го гледам тоа така. Верувам дека фановите на стадионот ќе направат пеколна атмосфера како и секогаш“, изјави Постекоглу.

Се вчитува...