Постигнат договор: Луис Муриел од јуни во Интер

Фудбалерот на Сампдорија, Луис Муриел и дефенитивно постигнал договор од јуни да се пресели во редовите на Интер, пренесува „Кориере дело спорт“.

25-годишниот колумбиски офанзивец веќе ги договорил сите лично услови за трансфер во Интер, а деновиве останува уште меѓусебните услови да ги договорат и двата клуба, за што се верува дека нема да има проблем затоа што „нераѕурите“ веќе се согласиле да ја платат откупната клаузула од 28 милиони евра.

Муриел во Сампдорија дојде во 2010 година од редовите на Удинезе, по што во 70 настапи за тимот од Џенова запиша 17 погодоци. Муриел во моментов заработува по 900 илјади евра по сезона, а според најавите во Интер би земал околу 2 милиони евра по сезона.

Се вчитува...