Потег за почит – полските навивачи ги исвиркаа Англичаните, Левандовски ги бранеше (ВИДЕО)

Репрезентативците на Англија ја продолжија праксата со клечење пред почеток на натпреварите како поддршка за движењето ‘BLM’ и на гостувањето во Полска, но беа исвиркани од навивачите на домашната селекција.

Полјаците кои дадоа аплауза по химната на „гордиот албион“, не го одобрија потегот на Англичаните, а додека речиси целиот стадион ги исвиркуваше гостинските репрезентативци, капитнот на Полска, Роберт Левандовски се обиде да ја смири ситуацијата покажувајќи кон траката на раката на која пишува „почит“.

Ваквиот гест на голгетерот на Баерн Минхен денеска доби голема поддшка на „Островот“.

Се вчитува...