Република Ирска го победи Израел со 0-3 во Дебрецен во натпреварот од Лигата на нации, во меч во кој прашањето за победникот практично беше решено по само 25 минути игра.
Но, она што ја одбележа оваа пресметката е предиграта. Ирците најпрво не сакаа да го одиграат натпреварот поради конфликтот на Блискиот Исток.
На крајот, Ирците решија да настапат, но исто така јасно ставија до знаење на чија страна се. За време на интонирањето на националната химна на Израел, тие ги наведнаа главите во знак на почит на жртвите во Газа, а двајцата капитени не се ракуваа пред почетокот на натпреварот.
За Израел, ова беше втор пораз во исто толку натпревари од Лигата на нации, па таа селекција ја очекува голема борба за опстанок во Лигата Б. Следниот ривал ќе им биде Косово. Ирска, од друга страна, ќе има многу потешка задача, бидејќи во следната рунда ја пречекува Австрија во Даблин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
