Потенцијалната замена за Димитриевски замина во Мајорка

Голманот на ПСЖ Серхио Рико, беше трансферна мета на Рајо Валјекано за замена за Столе Димитриевски кој се поврзуваше со трансфер, најпрво во Барселона, а потоа и во Саудиска Арабија. Меѓутоа сега ПСЖ објави дека голманот заминува во Мајорка, како позајмен до крајот на сезоната.

28-годишниот Рико ќе игра до 30 јуни 2022 година, а потоа треба да се врати повторно во клубот од Париз. Оваа сезона Рико е трета опција после Кејлор Навас и Џанлуиџи Донарума.

Тој забележа само еден настап сезонава, кога Навас беше исклучен.

Ова би можело да значи дека Рајо повеќе не бара нов голман, и дека смета на Димитриевски и за пролетниот дел од сезоната.

Се вчитува...