Партизан беше шокиран на домашен терен од Париз со убедливи 83-101 во меч што го одбележа извонредниот шут од далечина на гостинските кошаркари, особено во второто полувреме во кое францускиот тим ја создаде предноста и стигна до убедлива победа.
„Црно-белите“ се мачеа да го контролираат темпото против брзиот француски состав, а во првото полувреме парираа благодарение на шутот од далечина што функционираше кај тимот на Жељко Обрадовиќ. Во вторит дел се случи вистински потоп за АБА-шампионот, Париз во третата четвртина стигна до двоцифрена предност, потоа во четвртата ги погоди првите пет обиди за тројка и на крајот заслужено стигна до преубедлива победа.
Францускиот шампион постигна вкупно 17 тројки со 56% успешност, најефикасни беа Хифи со 21 и Херера со 17 поени, додека прв стрелец на Партизан во овој разочарувачки меч беше Браун со 25 поени.
Олимпијакос полесно од очекувањата на гостински терен го совлада Баерн со резултат 71-96. Триумфот беше осигуран уште во првото полувреме што „црвено-белите“ го добија со 29-47, потоа рутински контролирајќи го резултатот до самиот крај. Дорси со 19 и Везенков со 18 поени беа најдобри поединци во грчкиот тим на овој дуел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

