Потрес во Цедевита – си одат клучните луѓе од управата

Очајниот старт на сезоната во АБА-лигта придонесе уште во раната фаза да дојде до сериозен потрес во таборот на Цедевита. Досега во ваквите ситуации цехот го плаќаа тренерите и дел од странците, но овојпат беше донесена одлука за „рез“ во самиот врв, па отказ доби спортскиот директор Матеј Мамиќ.

Големото промашување на голем дел од странските играчи како и незадоволителната комуникација со новиот тренер Сито Алонсо се причините поради кои на Мамиќ му е покажана излезната врата, што не е изненадување ако се знае дека Цедевита и во претходните неколку сезони правеше слични грешки. Според хрватските медиуми, главен фаворит за наследник на Мамиќ е поранешниот тренер на овој клуб, Вељко Мршиќ, кој веќе имал разговори со највисокото раководство.

Воедно, најавени се и промени во играчкиот кадар за клубот од Загреб, поранешниот кошаркар Џејкоб Пулен би требало во следните неколку дена да се врати назад во Загреб, а во меѓувреме се водат преговори за раскин на договорите со крилото Елџин Кук и со плејмејкерот Џош Магет, кои не ги оправдаа очекувањата.

 

Се вчитува...