Потврда: Еурофарм сака да ги откупи сите акции на Пелистер

Гевгелија минатиот месец ги фузираше двата кошаркарски прволигаши, а истото многу лесно може да се случи и со ракометните колективи во Битола. На тема „фузија“ меѓу Работник и Пелистер се разговараше уште во текот на минатата година, но овојпат е направен голем чекор напред, откако управата на актуелниот вицешампион изразила подготвеност да ги откупи сите акции на „пелистерци“.

РК Пелистер е во стопроцентна сопственост на Општина Битола, но „фармацевтите“ се подготвени да ги откупат сите акции од овој клуб.

Во општина Битола пристигна барање од Еурофарм Работник, за купување на акциите на РК Пелистер“ – изјави за битолската ТВ Тера, Борче Корлевски советник од СДСМ и претседател на комисија за спорт во Советот на Битола.

На оваа тема ќе се разговара на следната седница на Советот на Град Битола, но според првичните информации големи се шансите да дојде до позитивен исход, па битолчани од двата да добијат еден исклучително силен клуб.

Се вчитува...