Потврда од Битола: Изгласан проектот „Еурофарм Пелистер“

Ракометниот проект „Еурофарм Пелистер“ конечно доби зелено светло на денешната седница на Советот на Општина Битола, откако мнозинство советници дадоа поддршка за реализација на овој проект.

Раководството на компанијата Еурофарм, која е сопственик на вицешампионот Работник, веќе подолго време преговараше со градските власти за фузија на двата клуба, за на крајот конечно да биде постигнат целосен договор и истиот да биде изгласан од страна на Советот на Општина Битола.

Согласно договорот, првиот клуб ќе се вика Еурофарм Пелистер, додека досегашниот тим на Пелистер, кој се натпреварува во домашната Супер-лига, ќе го носи името Еурофарм Пелистер 2. Според најавите од Битола, двата клуба ќе имаат вкупен буџет од околу еден милион евра.

Се вчитува...