Потврда од МВР: Георгиевски починал на лице место, возилото удрило во бетонска жардињера

Министерството за Внатрешни Работи ги објави и првите детали од несреќата во која животот го загуби Благоја Георгиевски – Буштур. Во дневниот билтен на МВР се се потврдува дека до несреќата дошло кога возилото на Георгиевски удрило во бетонска жардињења, при што македонската кошаркарска легенда починала на лице место.

„На 29.01.2020 околу 23 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Србија“, во близина на крстосницата со ул.„Христо Татарчев“, возило „фолксваген кеди“, со скопски регистарски таблички, управувано од Б.Г.(70) од Скопје, удрило во бетонска жардињера. Во незгодата на местото на настанот починал возачот. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција“, се вели во соопштението на МВР.

Се вчитува...