ПОТВРДЕНО: Рафа и Роџер ќе играат во двојки во последниот меч на Федерер

Како што беше најавено, Роџер Федерер ќе го одигра последниот професионален меч во кариерата во двојки со Рафаел Надал. На првиот ден од Лејвер купот во вечерната програма Федерер и Надал ќе играат во двојки против американскиот пар Џек Сок и Френсис Тиафо.

Дуелот на програмата е втор по ред во вечерната програма, која ќе почне во 19 часот со мечот меѓу Енди Мареј и Алекс де Минор.

Во дневната програма имаме уште два натпревари меѓу Тим Европа и Тим Свет. Од 13 часот се среќаваат Каспер Руд и Џек Сок, а потоа на терен ќе излезат Стефанос Циципас и Диего Шварцман.

 

Се вчитува...