Потврди и Пеп: Агуеро ќе игра заедно со најдобриот, заедно со Меси

По десет години поминати на „Етихад“ еден од најдобрите напаѓачи, Серхио Агуеро ќе си замине од редовите на „граѓаните“. И покрај тоа што Аргентинецот имаше неколку понуди од Премиерлигаши, на крајот се одлучи да се врати во Шпанија, но овој пат во редовите на Барселона.

Само формалности го делат искусниот фудбалер од потпис со каталонскиот тим, а тоа сега го потврди и тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола кој говорејќи за ‘Си-Ен-Ен’ изјави дека од следната сезона Агуеро ќе игра рамо до рамо со Меси.

„Најверојатно е блиску до договор со клуб кој е во моето срце, со Барселона. Ќе игра заедно со најдобриот, заедно со Лео Меси. Сигурен сум дека ќе ужива и тоа ќе ја направи мојата Барса уште посилна“, изјави Пеп.

Се вчитува...