Повеќе од 500 деца обединети во фудбалот на меѓународниот турнир „Њу Старс 2026“ (ФОТО)

На стадионот Македонски Лавови во Скопје успешно заврши меѓународниот турнир „Њу Старс 2026“, кој уште еднаш покажа дека детскиот фудбал носи посебна енергија, искрени емоции и пријателства што остануваат засекогаш.

Во организација на ФК Њу Старс, на турнирот настапија повеќе од 500 деца од различни клубови, градови и држави, во генерациите 2015, 2016, 2017 и 2018.

Преку организацијата на овој турнир, ФК Њу Старс, прослави и 15 години постоење — 15 години работа со млади фудбалери, создавање таленти и градење на препознатливата успешна приказна.

Меѓународниот турнир „Њу Старс 2026“ беше дел и од официјалниот АФТ календар, што му даде дополнителна тежина на целиот настан.

Титулите на овогодинешното издание ги освоија екипите на Овче Поле, Еуроспорт, Шампион Лесковац и домаќинот ФК Њу Старс.

Одличен настап и забележителен пласман остварија и екипите Академија 23, Смиљковски, Ак. Пандев, Марадона, Тетекс, Железара…

„Њу старс турнирот 2026“ уште еднаш потврди дека Скопје е важна точка на регионалната мапа на младински фудбалски турнири. Организацијата, атмосферата и големиот број насмеани деца создадоа вистинска спортска приказна, а од клубот домаќин испратија јасна порака дека продолжуваат уште посилно, со истата љубов кон фудбалот што ја градат веќе 15 години.

Се вчитува...