Повлечен дресот со број 2 на Џана Брајант… Низ солзи последно збогум од кошаркарките од нејзиното училиште (ВИДЕО)

Училиштето „Харбор“ од Лос Анѓелес се одлучи засекогаш да го повлече дресот со број 2 кој во женската кошаркарска екипа го носеше Џана Брајант, која заедно со својот татко Коби и уште седум лица трагично го загуби животот во хеликоптерска несреќа.

„Џана ќе биде последната кошаркарка од нашето училиште која го носела дресот со број 2. Се надевам дека сите ние секогаш ќе се сетиме на неа кога ќе погледнеме во тој дрес кој сега го повлекуваме“ – истакна директорот на „Харбор“, Мајкл Колеман.

„Нашата Џана беше еден од најголемите кошаркарски таленти кои сум ги видел во мојата 20-годишна тренерска кариера. Но, не напушти прерано без докрај да ни ги покаже сите свои можности. Сега, летај високо Џана“ – истакна тренерот на кошаркарската екипа, Џошуа Паркс.

Џана Брајант имаше само 13 години…

„Моја Џиџи! Те сакам! Ми недостасуваш. Мама е и секогаш ќе биде горда на тебе. Мамбасита“ – напиша и мајката на Џана, Ванеса Брајант.

Се вчитува...