Повреда го одложи дебито на Лундберг за Макаби Тел Авив

Новото засилување на Макаби Тел Авив, Ифе Лундберг нема да дебитира за израелскиот тим во следниот евролигашки натпревар, потврди и тренерот на „гордоста на Израел“, Одед Каташ.

Данецот има мала повреда која ќе го одлижи неговиот прв настап во израелскиот тим.

„Дојде со мала повреда, ништо значајно, но ќе ги одложи нашите планови. Не знам колку ќе може да сметаме на него пред репрезентативната пауза. Мора да почекаме неколку денови пред да започне да тренира со тимот“, изјави Каташ.

Макаби со скор од само две победи и седум порази е на дното на евролигашката табелата па очекувањата за новото засилување се големи.

Се вчитува...