Повредата на Де Брујне не е сериозна

Фудбалерот на Манчестер сити, Кевин де Брујне изјави дека не е сериозно повреден и дека се чувствува добро, во пресрет на последниот натпревар во Премиерлигата против Вест Хем, во кој неговиот тим може да ја одбрани шампионската титула.

Сити го победи Тотенхем со 0-2 во Лондон, а Де Брујне го напушти теренот во вториот дел откако стартуваше противничкиот играч Сар врз него.

По натпреварот, менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола изјави дека Де Брујне „не може да трча нормално“, но Белгиецот рече дека се е во ред.

„Мислам дека сум добро. Областа околу ахиловата тетива е отечена. Чувствував како прободување, но не е толку лошо, ќе бидам добро“, изјави Де Брујне.

Сити има два бода повеќе од второпласираниот Арсенал и може да ја освои рекордната четврта последователна титула во Англија со победа против Вест Хем.

Во недела од 17 часот се играат натпреварите од последното коло во Премиерлигата, Сити ќе го пречека Вест Хем, а Арсенал ќе му гостува на Евертон.

Се вчитува...