Стари познаници не чекаат во Вараждин: Чешка, Данска, Шпанија

Македонија како првопласирана група од групата Ц ќе пренесе три бода во следната рунда која ќе се игра во Вараждин, а таму ќе ги одмери силите со стари ривали. Чешка со триумфот над Унгарија (33-27) се избори за пласман понатама, а вечерва во дерби пресметка Данска и Шпанија ќе решаваат кој ќе биде првопласиран во нивната група. Со ваков развој на настаните, македонските ракометари се во реална игра и за пласман во полуфиналето на Европското првенство во Хрватска.

Со Чешка игравме квалификациски дуели, со Шпанија одмеривме сили лани на СП во Франција, а со Данска, кога тие беа домаќини на ЕП.

Подоцна ќе биде познат и комплетниот распоред на следните натпревари на Македонија во следната рунда во Вараждин.

Се вчитува...