Јута Џез се одлучи нов шеф на стручниот штаб да биде Вил Харди. Харди на клупата на „џезерите“ доаѓа на местото на Квин Снајдер кој помина осум години како предводник на „франшизата“ од Солт Лејк Сити.
Харди доаѓа од редовите на Бостон Селтикс каде му беше помошник на Име Удока со кој стигна до финалето во НБА лигата. Харди има 34 години, но во НБА стигна уште во 2010 година кога Грег Попович го зема како дел од тимот на видео координатори.
Интересно е тоа што преговорите ги водеше Дени Ејнџ кој преку 20 години беше дел од најтрофејниот НБА тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА