Познат последниот рок за заинтересираните страни кои сакаат да го купат Манчестер јунајтед

Потенцијалните нови сопственици на англискиот премиер-лигаш Манчестер јунајтед имаат рок до среда до 21 часот да достават ревидирани понуди за купување на клубот од „Олд Трафорд“.

Ова автоматски значи дека двајцата понудувачи, катарскиот банкар Шеик Јасим и сопственикот на „Инео“с, Сер Џим Ретклиф, имаат само два дена да ги обработат информациите што ги собраа за време на нивната посета на „Олд трафорд“ минатата недела. Двете страни имаа средби со позитивен исход и остануваат посветени на оваа инвестиција.

Наводно, и двајцата понудиле сума која е помала од 5-6 милијарди колку што сегашните сопственици, семејството Глејзер, проценуваат дека клубот вреди.

Се вчитува...