Позната е и првата двојка во нокаут фазата, два дебитанти еден против друг

Комплетирањето на табелите во првите три групи ја даде и првата двојка од нокаут фазата на овој светски шампионат, па така Канада за противник ќе ја има селекцијата на Јужна Африка.

Станува збор за две репрезентации кои никогаш досега ја немаат минато групната фаза на СП, па своето деби во нокаут-рундата ќе го иамат една против друга,

За одбележување е дека дуелот закажан за недела ќе се игра во Лос Анџелес, вчерашниот пораз на Канада од Швајцарија значеше дека ко-домаќините се втори во групата, па нема да продолжат со настапи на своите арени, туку нокаут фазата ќе ја играат во САД.

Канада и Јужна Африка досега одиграле само еден меѓусебен дуел, и тоа во ноември 2007, меч што завршил со триумф на африканската селекција од 2-0.

Се вчитува...