Познати двојките за полуфиналето во младинските категории од Купот: Пелистер и Брера до полуфинале во три категории

Познати се двојките за полуфиналните натпревари од Купот на Македонија за млади категории.

Во интересни пресметки во младинска конкуренција ќе се соочат Пелистер и Беласица, како и АП Брера и Македонија ЃП. Натпреварите од полуфиналето на Купот за младинци ќе бидат одиграни на 16., 17. и 18. април.

Се игра по еден меч, доколку заврши нерешено се пристапува директно кон изведување на пенали.

РАСПОРЕД:

МЛАДИНЦИ
Пелистер – Беласица
А.П. Брера – Македонија Ѓ.П.

КАДЕТИ
Шкупи – Шкендија
Брегалница – Вардар

ПИОНЕРИ
Пелистер – Работнички
А.П. Брера – Шкупи

ПОМЛАДИ ПИОНЕРИ
А.П. Брера – Шкендија
Пелистер – Победа

Се вчитува...